MKDNews.com

Ова е човекот кој ги обелодени информациите дека Америка ги шпиунира своите граѓани (видео)

јуни 10
08:14 2013


Станува збор за Едвард Сноуден (29) , поранешен технички асистент ,кој тврди дека работел за Националната агенција за безбедност и ЦИА и призна дека тој им давал информации на весниците за тајните американски програми за надзор. Сноуден изјави дека така постапил затоа што сметал дека неговата земја создава неодговорна и тајна машина со која го шпионира секој Американец.

Врз основа на информациите добиени од Сноуден, весниците Вашингтон Пост и Гардијан во Велика Британија минатата недела објавија текстови со детали за тоа како американските безбедносни служби ги следеле податоците за телефонските повици од Веризон и интернет од големите компании како што се Гугл и Фејсбук. Гардијан го објави името на Сноуден на негово барање. Весникот исто така објави интервју со него од Хонг Конг, каде се верува дека избегал. ЦИА одби да коментира. Американски официјални лица изјавија дека таквите информации биле опасни и неодговорни.

Тој за интервјуто во Хонг Конг изјавил дека во иднина не го чека ништо добро поради тоа што ги открил овие информации. На прашање дали мисли дека откривањето на тајната е криминално дело, тој одговорил дека видел доволно криминал кој го направиле владите низ светот и дека е иронично овој негов потег да се смета за криминал, а одлучил да ја открие оваа афера бидејќи не сака да живее во свет каде што се снима се.

Во интервјуто тој вели дека е можно да заврши во затвор и дека тоа е ризикот кој го прифатил кога одлучил да се бори против најмоќните светски разузнавачки агенции.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment