Отворена ликовната колонија “Дебарца 2013”
Синоќа во Белчишта (Општина Дебарца) беше отворена 29-та ликовна колонија “Дебарца 2013”,традиционална ликовна манифестација со голем углед во земјава,па и пошироко.
Oваа реномирана ликовна колонија која е со децениска традиција за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски кој во своето обраќање истакна дека долгата традиција на колонијата и нејзиното високо реноме обврзува кон неа да се однесуваме со поголема одговорност, а меѓународниот карактер на истата пак отвора шанси, малата рурална општина да се претстави пред светот. На годинешната колонија ќе творат 12 уметници од 4 земји. Тие во Дебрца ќе останат 10 дена, а нивните дела потоа ќе бидат изложени во галеријата на општината. По церемонијата на отворање беше изведен мал перформанс со традиционалната гајда.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment