Оштетено македонско дипломатско возило во Истанбул
јуни 04
17:12
2013
Во следните два дена избегнувајте ги квартовите на Истанбул каде што се организираат демонстрации, советуваат од македонскиот конзулат во Турција.Генералниот конзул Зерин Абас за 24 Вести вели дека постои опасност со вклучувањето на синдикатите, демонстрациите дополнително да се радикализираат.
Македонскиот конзулат во Истанбул е сместен токму во близина на плоштадот Таксим, во средиштето на најголемите антивладини демонстрации, каде што е оштетено дипломатското возило на конзулатот на Република Македонија од марката „Шкода“.
Од турската влада најавија дека ќе излезат во пресрет за поправака на возилото.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment