MKDNews.com

Општина Охрид и „Охридско лето“ потпишаа Меморандум за културен развој на градот

јуни 26
20:03 2013

ohridskoleto2013presОпштина Охрид и Националната установа „Охридско Лето“ ќе соработуваат во областа на активностите поврзани со културата, со цел успешна реализација на Фестивалот како најголем културен настан и унапредување на условите за што поголеми уметнички дострели.

Со ваква заложба денеска во Охрид директорката на најголемата музичко сценска манифестација Елизабета Јанкуловска и градоначалникот Никола Бакрачески потпишаа Меморандум за соработка.

Како и секоја година, фестивалот „Охридско Лето“ и овој пат нуди новитети, како во поглед на дизајнот на промотивниот материјал, така и користење на апликации за мобилна и интеренет технологија, која добива на се поголема популарност кога станува збор за организирањето на настани, но и новитети во техничките услови, кои ќе се понудат пред се на учесниците, но и посетителите за време на фестивалските вечери.

Градоначалникот Никола Бакрачески потврди дека Фестивалот „Охридско Лето“ од 12-ти јули до 20-ти август ќе претставува центар на културните збиднувања.

– Во изминатиот период без дефинирани начините на соработка и механизмите за имплементација на подготовките за што подобра организација на настанот. Како круна на соработката доаѓа потпишувањето на меморандумот, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Охрид, градот на УНЕСКО, и Фестивалот „Охридско лето“ од 12-ти јули до 20-ти август, ќе бидат центарот на уметничките дострели, обележје на културниот идентитет на најдоброто творештво на меѓународно ниво, но и промотори на културниот туризам и културното наследство.

– Од оваа година имаме прилика да ја правиме вистинската работа. Охридско лето и градот Охрид да соработуваат. Тоа значи дека ќе имаме прекрасни настани, многу повеќе, бидејќи ја имаме поддршката, ќе имаме прекрасни сценски простори, публиката ќе дојде на најубавите сценски места. Ќе направиме прекрасна презентација на недвижното културно наследство, но ќе направиме и фестивалот да живее преку целата година, истакна директорката Елизабета Јанкуловска.

На денешната пресконференција беа промовирани и новитетите во делот на техничките достигнувања на „Охридско лето“. „Кодвел“ и годинава останува верен пријател на Фестивалот, а коосновачот на компанијата, Нино Карас ја најави мобилната апликација за потребите на Охридско лето која ќе работи на три платформи: Android, iOS и BlackBerry.

– Во мобилната апликација ќе бидат презентирани новостите за фестивалот, агендата, социјална интеграција ќе има со социјалните медиуми Facebook, Twitter и YouTube. На тој начин најдобро ќе се пренесуваат информациите до крајните корисници, истакна Карас.

Според маркетинг менаџерот на „Охридско лето“ Илија Куртески, оваа апликација ќе биде лесна за користење и обезбедува одлично искуство преку динамичко информирање на корисниците.

Согласно тендерот кој го распиша „Охридско лето“ за обезбедување на квалитетно техничко-сценски услови, обезбедено е и покривање на сцената на Античкиот театар со монтажен покриен покрив.

Од петок официјално започнува продажбата на билетите за сите настани. Раководниот тим на установата и фестивалот се надева дека како и минатата година, нема да има непосетен настан во рамките на фестивалот.

Супер радио

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.