Општина Илинден објави продажба на 22 парцели за домување (фото)
Општина Илинден објави оглас за продажба на 22 парцели наменети за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање. Површините се различни од 378 до 614 метри квадратни. Почетната цена е 148 денари по метар квадратен со чекор на надавање од 15 денари.
Пријавувањето за учество во електронското јавно наддавање за новите 22 парцели е до 16 јули, а јавното наддавање ќе се одржи на 22 јули. Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која се наоѓа на само10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.
Во претходните два месеца, на електронско јавно наддавање Општина Илинденпонуди 70 парцели наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување, а во подготовка се уште 150 парцели, со површина од 400 до 500 м2за продажба во третиот квартал годинава.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment