Општина Центар донесе одлука да се формира претпријатие „Центар гас“
Гасификацијата почна од основното училиште „Димитар Миладинов“. Досега училиштето плаќаше 80.000 евра годишно за загревање, а сега со гасификацијата ќе плаќа 32.000, што значи заштедата само за ова училиште ќе биде 50.000 евра – рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Следни за гасификација се основното училиште „Гоце Делчев“ и една градинка.
За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека гасификацијата е нивен проект, Жерновски праша, ако сакале зошто за 13 години колку што беа власт не го реализираа.
– Ако Коце Трајановски сака, можеме проектот заедно да го работиме, и се во интерес на граѓаните. Се договоривме да имаме средба и се надевам на коректна соработка. Владата вети во предизборието дека ќе помогне во изградба на училиштето во Капиштец. Не знам што би се сменило ако градоначалникот е од друга политичка опција. И Владата и сите треба да работиме во интерес на граѓаните. Очекувам средба со министерот за образование и да се договориме. Набрзо ќе го отвориме тендерот за идејно решение на училиштето – додаде Жерновски.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment