MKDNews.com

Oхридската полиција со зајакнати мерки во патниот сообраќај

јуни 25
17:40 2013

stefan8000Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај. Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што контролирани беа вкупно 120 учесници од овие категории.

И покрај досегашните укажувања, насоки и апели, и понатака евидентна и несфатлива е неупотребата на заштитните кациги-шлемови кај дел од моторциклистите. Кај нив но и кај возачите на други моторни возила евидентирано е управување на возилата со измината важност на сообраќајната дозвола, бесправно управување со моторно возило, неносење возачка дозвола и други прекршоци. По тие основи, сообраќајната полиција од сообраќај исклучи три возила и возачи, изрече шест превентивни предупредувања и четири платни налози за наплата на глоба.

Во пресрет на главната туристичка сезона, мерките на полициските службеници ќе бидат интензивирани и кон пешаците кои не ја почитуваат вертикална и хоризонтална патна сообраќајна сигнализа- ција и преминуваат коловози на необележани места. Превентивни но и други мерки ќе се преземаат кон неправилно и непрописно парки- рани моторни возила на пешачки премини, во крстосници, на тротоари на пешачки и велосипедски патеки и на други места каде се попречува нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Вакви превентивните но и казнени мерки кон учесниците во сообраќајот кои ги нарушат законските одредби ќе се спроведуваат во текот на целата туристичка сезона. Оттука повикуваме на почитување на сообраќајните правила и прописи посебно на носење и користење на заштитните кациги од страна на возачите на мотори и моторцикли.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.