Охридската капетанија ги исчисти пристаништата
Охридската капетанија го исчисти дното на пристаништата во Охрид и во Свети Наум.Талогот на дното го отежнуваше пристанувањето на бродовите,посебно на оние поголемите.
Со Проектот на Капетанија на пристаништата предвидено е да се чистат три точки и тоа Градското пристаниште, пристаништето во Св. Наум и еден дел во каналот Билјанини извори непосредно покрај едриличарскиот клуб и езерската полиција, поточно делот кој е и најтесен и најплиток.
Со акцијата која се спроведе во Св. Наум се завршува проектот на Охридската капетанија.
Само за потсетување фирмата изведувач на зафатите е избрана со тендерска постапка.
Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, доделена за капетанија Охрид, односно за багерување на пристаништата во Охрид и Св. Наум.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment