Обид за атентат врз Обама
ФБИ уапси двајца жители на Њујорк, обвинети за обид да организираат атентат врз американскиот претседател Барак Обама.
Ова го соопшти телевизија Еј Би Си.
Според податоците на ФБИ Глендн Скот Крафорд и Ериjу Фејт во текот на неколку месеци работеле над
уред способен да емитува доза на смртоносно зрачење.
Тие планирале да го сокријат во камион и да го активираат со помош на далечински управувач. Целите на осомничените требало да бидат “политичар” и муслиманска организација.
Извори запознаени со истрагата, соопштија дека под “политичар” се има предвид Барак Обама. Според нив Крафорд постојано го критикувал американскиот претседател и изјавувал дека токму тој е виновен за нападот за време на Бостонскиот маратон.
ФБИ почнала да го следи Крафорд уште од минатата есен,откако влегол во синагога и почнал да испрашува за оружје што може да ги убие “непријателите на Израел, додека тие спијат”.
Апсењето е извршено, кога Фејт требал да ги предаде на Крафорд последните потребни детали за уредот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment