Новиот iPad ќе започне да се произведува во јули
јуни 04
20:56
2013
Се очекува новиот iPad да започне да се продава во септември или октомври оваа година. Најголемите иновации ќе бидат во екранот на допир, со што би се намалила тежината на уредот за 20 до 30 проценти.
Се очекуваат и промени во границите на екранот, односноизглед сличен на тој на iPad Mini.
Apple очекува да продаде 8 милиони уреди во првите два месеци, а оваа бројка дополнително би се зголемила кога ќе дојде празничната сезона. Лошата вест е што најверојатно ќе се одложи промоцијата на новата генерација на iPad Mini. Компанијата од Cupertino проценила дека минатата година, промовирањето на iPad Mini негативно влијаела врз продажбата на iPad-от, па затоа ќе проба да ги „раздели“ еден од друг…
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment