MKDNews.com

Нови протести пред Општина Центар, едно лице е повредено (видео)

јуни 10
16:44 2013

E8D40AE3-CDE9-4FE4-AD1C-ED366903880A_cx0_cy4_cw0_w800_r1Пред да почне седницата на Советот на општина Центар дел од граѓаните успеаја да ја турнат оградата и полицискиот кордон и повторно се доближија до бараката и скршија неколку прозорци.

Како што јавува Курир, огромен број на граѓани и денеска протестираат пред општина Центар. Излегоа масовно да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“

Пред зградата на општината има засилено полициско обезбедување, а вработените неможат да го напуштат објектот бидејќи на вратите има ставено катанци, по наредба на градоначалникот Жерновски.

Со прерипување на оградата, граѓаните влегоа во дворот на општината и со свирежи и тропање, пред бараката каде се одржа седницата, го покажуваат својот револт.

На контра-протест пред општината излегоа поддржувачи на Жерновски, кои според најавите нападнале новинарка на Сител. Тие прво и забраниле да снима, а потоа побарале од неа и да им се легитимира.

Едно лице е полесно повредено во турканиците што во понеделник се случија меѓу демонстрантите и полицијата пред Општина Центар, додека една советничка е повредена од искршен прозорец и однесена во болница, јави макфакс.

Луѓето кои протестираат, додека трае седницата на Советот на општина Центар, фрлаат јајца по советниците, градоначалникот и медиумите. По прозорите видливи се трагите од искршените јајца.

Според неколку про опозициски портали Непознат донатор денеска донесе сендвичи за демонстрантите пред Општина Центар, кои се решени да останат до крај и покрај лошите временски услови

Протестите ги организираше граѓанското здружение „Веритас”, со цел да ги стопираат советниците да донесат поништување на ДУП-от за Центар, со што црквата во градба „Свети Константин и Елена” би била прогласена за дивоградба.
Видео А1он

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.