MKDNews.com

Нападнат ЛГБТ центарот во Скопје , повреден полицаец

јуни 22
22:35 2013

lgbt-napad-11-576x320Околу 40 маскирани лица вечерва го нападнале ЛГБТ Центарот за поддршка во Старата скопска чаршија. Во инцидентот има и еден повреден полицаец. Нападот се случил околу 18 часот кога започна проекцијата на филмови во ЛГБТ Центарот за поддршка.
Полицаецот настрадал од фрлените камења и има потешки повреди. Тој бил дел од обезбедувањето на настанот. Очевидци тврдат дека имало десетина напаѓачи кои биле маскирани со фантомки и веднаш по нападот се разбегале по уличките на чаршијата.
Од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, една од организациите која го организира настанот, потврдуваат дека десетици маскирани лица со камења и шишиња го нападнале Центарот.
МВР засега нема информации за инцидентот.
Инаку, за денеска беше најавена „Контра геј парада“, таа не се одржа бидејќи на закажаната средба се појавиле само десетина тинејџери. Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Хелсиншкиот комитет поднесоа кривична пријава против анонимните организатори на овој настан.

Дел од медиумите попладнево објавија дека групата тинејџери која се појавила на неуспешната „Контра геј парада“, потоа се упатила кон плоштадот и кај споменикот на Цар Самоул претепала малолетник.

lgbt-napad-2

Позади излогот бев јас и моите колеги, а на третиот кат се одвиваше промоцијата на филмот во врска со правата на ЛГБТ заедницата. Не беше планиран никаков јавен марш, но се примети дека некој сакаше да ја вжешти ситуацијата со спинот дека ќе има геј парада. Не ме изненади ова, информациите говореа дека ќе биде направен обид дека ќе биде нападнат Центарот и да се покаже дека тој не може да опстои, од причина што поголемиот број од популацијата изразува негодување дека ЛГБТ заедницата нема права –вели за А1Он Уранија Пировска од Хелсиншки комитет

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.