MKDNews.com

Најстариот кревет донесен од САД во Македонија

јуни 28
17:12 2013

krevet1sadНајстариот македонски кревет,кој датира од пред два века,конечно се врати во Македонија.Од Крушево,од каде е откупен од нашинка,натурализирана Американка,беше однесен во САД,а потоа е вратен во нашава земја.

Откупувањето и враќањето на најстариот кревет е поврзан со Весна Палмер,Македонка,која долго време живееше во во Соединетите Американски Држави,во градот Стимбоут,а сега се наоѓа во земјава и живее во Охрид. .

“За креветот разбрав сосема случајно.Јас,преку Македонска мисија за хуманизам која ја водам и преку која ги афирмирам вредностите на земјава,но воспоставувам контакти со личности и инситуции во САД, ги подржував активностите на младата и надежна оперска пејачка Миланка Новеска.чија мајка Пандора е од Крушево.Разбрав дека токму во нејзиното семејство се наоѓал и овој кревет кој е најстар на територијата на Македонија.Кога разбрав за историјата на креветот решив да го откупам.Тоа и го сторив.Потоа го пренесеов во САД каде што живеев.Но,нешто ме копкаше, сакав креветот да го вратам во земјава,во Македонија”,раскажува Весна Палмер,која е и член на Охридскиот ротари клуб.

Според Палмер креветот има богата историја. “Во една провинција во Египет пред околу 200 години престојувале крушевчаните, брачната двојка Питу и Минка Гаљина.Креветот тие го добиле како подарок од нивни пријатели во Египет како благодарност што биле излечени од Сараџа, болест за која лек пронашла токму Минка.На тој начин овој кревет се нашол во Македонија.Кога Питу и Минка го добиле креветот тој бил стар околу сто години. А ако се знае дека тоа се случило на почетокот на 20 век може да се заклучи дека овој експонат сега е стар околу 200 години. Инаку овој кревет како и доста вредни предмети кои ги поседувале крушевското семејство им обезбедиле висок статус помеѓу луѓето во Крушево бидејќи во тоа време крушевските Власи како големи трговци на некој начин се натпреварувале со своето богатство и уникатите.Последните прекривки и апликации на креветот биле лично изработени од госпоѓа Минка. Весна Палмер,инаку почесен член на битолските Лајонси решила креветот да го донира во Битолскиот музеј,каде што и сега се наоѓа.

krevet2sad

ohridlive.com / mkdnews.com

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment