MKDNews.com

Најмалку 31 загинат во самоубиствен напад во џамија во Багдад

јуни 18
12:01 2013

iraq-woman-bombings-story-top
Најмалку 31-но лице се убиени во самоубиствен бомбашки напад врз џамија во којашто се молеле припадниците на шиитското мнозинство во ирачката престолнина Багдад.

Првиот бомбаш се разнел на влезот од џамијата, додека вториот, пак, терорист ја искористи паниката и успеал да влезе во храмот каде што ја активирал експлозивната направа што ја носел на себе.

Нападот следеше ден откако во бомбашките напади недалеку од Багдад во кои беа убиени најмалку десет луѓе. Речиси секојдневните напади во Ирак предизвикуваат стравувања од повторувањата на најлошите секташки насилства во Ирак од 2007 година.

Иако интензитетот на политичките и секташки насилства во Ирак е релативно намален во однос на периодот од 2006 до 2007 година кога земјата беше на работ на граѓанска војна со илјадници загинати, последните месеци терористичките напади станаа речиси ирачко секојдневие.

Во насилството во Ирак во април загинале 712 луѓе и 1,633 ранет, и тоа е најсмртоносниот месец во последните пет години од јуни 2008 година, според Мисијата за помош на Ирак при Обединетите нации (UNAMI) од каде предупредуваат дека секташкото насилство може да предизвика граѓанска војна, на чиј раб беше земјата во 2006 година, слична на онаа што последните години трае во соседна Сирија.

Новиот бран насилства во Ирак започна на 23-ти април кога безбедносните сили се судрија со милитантите и сунитските антивладини демонстранти, во неколку градови како Рамади и Хавиџа во близина на Киркук.

Најновите напади во Ирак се поврзани со големата историска нетрпеливост меѓу двете најголеми верски заедници во земјата, шиитите и сунитите. Екстремистичките групи во Ирак ги засилија нападите минатите седмици за да ја дестабилизираат власта на премиерот Нури ал-Малики, во време на одржувањето на кампањата за локалните избори што се одржаа минатата недела, први по заминувањето на американските сили од земјата. Неговата влада влезе во жесток судир со милитантите, особено по подобрувањето на односите меѓу Багдад и Техеран каде што мнозинство, исто така, се шиитските муслимани, а Малики зазема неутрален став и во однос на граѓанската војна во соседна Сирија каде што сунитските опозициски бунтовници две години се борат да го соборат од власта претседателот Башар ал-Асад кој е припадник на малцинските алавити (органок на шиитскиот ислам).

Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.