MKDNews.com

На Охридфест се враќа легендарната “Македонија”

јуни 29
14:17 2013

ohridfest99mmНа годинешново јубилејно 20-то издание на Охрид Фест ќе бидеме сведоци на спектакуларниот музички камбек на легендарната македонска музичка група “Македонија”, чија слава во седумдесетите години се распосла и до најоддалечените делови од поранешна Југославија.

Нивните песни “На пуст остров”,”Има една мома”, “Есенска роза”,”Око мое зелено”, сеуште одѕвонуваат во ушите на постарите генерации.

Магијата на повторното рагање на женскиот дел од група “Македонија” (само жените раѓаат,нели?) ќе се случи на Интернационалната вечер на Охрид фест, на 24 август годинава.

Верица Ристевска, Даниела ПанчетовиЌ и Зорица Попанкова повторно заедно.

Насловот на нивната нова песна е “Песната е ангелот”, а композитор е,кој друг ако не нашиот музички велемајстор Григор Копров.

Текстот,инспириран од животот на нашата славна група, во докторски стил го напиша Миодраг Врчаковски.
Голема беше возбудата при првата средба во студиото,кога Верче,Даниела и Зорица за прв пат ја слушнаат песната.На солзите радосници им немаше крај.

Возбудени сме,ни изјавија…..Песната е нашиот живот,тоа сме ние. И повторно заедно, за да ја воскреснеме убавината на нашата младост.

“Песната е Анѓелот”!

Искрено се надеваме дека таа ќе успее да го пронајде патот до вашите срца.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment