MKDNews.com

На денешен ден пред 2.336 години починал Александар Македонски!

јуни 14
19:35 2013

AlexanderTheGreatНа денешен ден во 323-та година п.н.е., во Вавилон на 33 години починал Александар Трети Македонски, во историјата познат и како Александар Велики.Римјаните му го дале прекарот Magnus – Големиот освојувач на Светот.

Александар бил најголемиот војсководец и освојувач кој античкиот свет го памети, творец на најраспространетата империја во дотогашната човекова историја.

На престолот доаѓа на само 20 години, по убиството на неговиот татко Филип Втори во 336 година п.н.е.

За време на своето кратко владеење успеал да ги покори сите грчки полиси, да ги освои Мала Азија, Сирија, Египет и Персија, стигнувајќи до реката Инд.

Имал намера своето царство да го прошири на запад, но смртта го затекнала неочекувано, во неговата новопрогласена престолнина Вавилон.

Тој во историјата е запаметен како врвен тактичар и непокорен воин, а околу причината за неговата смрт историчарите се уште не можат да се согласат.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment