MKDNews.com

Му го отсекла пенисот на екс сопругот и го фрлила во ѓубре

јуни 29
15:27 2013

AP110713126396Жена од Калифорнија, која на поранешниот сопруг му го отсекла половиот орган и го фрлила во канта за ѓубре, била осудена денес на доживотна затворска казна, јавува Фокс њуз.

Кетрин Кју (50), чии адвокати тврдат дека има ментални проблеми бидејќи била злоупотребувана како дете, а потоа и во бракот, може да побара условна казна после седум годинии, јавил ВВС.

Кју поранешниот сопруг го нападнала со нож на јули 2011 година, откако му дала да пие таблети за спиење а потоа го врзала за креветот.

„Го заслужи тоа“ – им рекла Кетрин на полицајците кои тогаш дошле на местото на злосторот.

Името на жртвата не било објавено бидејќи е жртва на семејно насилство, рекла полицијата.

Поранешниот сопруг, 60-годишен, ја опишал траумата за време на судењето во петокот.

„Осудената личност насилно ме оддели од дел од мојот живот и идентитет“ – изјавил тој на суд.

„Потоа, како рутина во случаите кои вклучуваат нешто сексуално, жртвата мора да издржи втор напад. Ова беше сурово и пресметано прекршување на човековото тело и ум. Сега се соочувам со тоа што е пред мене. Таа го откина од мене идентитетот на маж. Ја потресе во мене вербата во доброто. Ја предаде мојата верба во луѓето“.

Кју е осудена за физичка тортура, употреба на ладно оружје и нанесување на тешка телесна повреда.

AP110713126396 image

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.