MKDNews.com

Мис на глупоста 2013 ,се посрами и преку ноќ стана хит (видео)

јуни 17
14:33 2013


Мариша Пауел, претставничка на сојузната држава Јута, во саботата на изборот за мис даде легендарно глупав одговор, благодарејќи на кој преку ноќ стана сензација на интернет.

На неа и било поставен прашање што мисли за тоа дека жените, и покрај тоа што во 40 отсто американски семејства се главен столб на домот, се послабо платени од мажите и што тоа зборува за американското општество. Мариша малку се уплашила и го дла одговорот кој и донесе „слава“.

– Ова можеме да го поврземе со едукацијата и начинот на кој се стремиме да ги создадеме работите. Тоа е најголемиот проблем и мислам дека посебно мажите се лидери на сето тоа и треба да смислиме како да ја направиме едукација подобра за да го решиме овој проблем, одговори Мариша и влезе во „историјата“.

Социјалните мрежи се преполни со шеги на нејзина сметка, а особено строг беше новинарот на „Дедспин“, Тимоти Бурк кој го искористи цитатот од филмот „Били Медисон“.

– Сите во оваа просторија станаа глупи благодарејќи на вашиот одговор, истакна Бурк.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.