MKDNews.com

Министерот Тодоров да гарантира за законот против абортус со својот пенис

јуни 10
17:03 2013
проф. д-р Каролина Ристова-Астеруд

проф. д-р Каролина Ристова-Астеруд
Универзитетски професор

Доколку министерот стои цврсто бетон зад монструозниот и крајно женомразачкиот закон „демек за право на жената на абортус“,а и натаму не прави будали дека со него не се одзема ефективно правото на аборутс на жената, јас да бев сега пратеничка, ќе ги предложев следниве амандмани, а истото им го препорачувам на актуелните под итно да ги поднесат:

1. На мажот кој ја инсеминирал секоја жена на која нема да и се дозволи да абортира несакана бременост од икс-те причини во законот, му се сече еден сантиметар од пенисот;

2. За првата жена која што ќе настрада од семејно насилство како директна последица на законските решенија на министерот Тодоров, на истоимениот министер му се сече пенисот за 0,5 сантиметри;

3. За првата жена која ќе заработи стерилитет или други тешки здравствени последици од абортус извршен во дупки, гаражи или со бапски деветини по стапувањето во сила на овој закон и во директна причинско-последнична врска со него, на министерот Тодоров му се сече пенисот за 1 сантиметар;

4. За првата жена која ќе се самоубие заради овој закон, пенисот на министерот Тодоров ( или тоа што одстанало после тоа под 2 и 3 ) целосно се кастрира, а за секоја наредна жртва, се кастрираат пенисите на сите владики кои го заговараат овој закон, по абучен ред, но со право на првенство на владиката Петар ( на кој ќе му се дозволи анестезија со виски, без гајле);

5. Откога ќе снема што да се сече кај министерот Тодоров и гореименуваните владики, за ситуации од 2-4, постапката на идентичен начин се спроведува за секој машки министер и машки пратеник кој го гласал законот , најпрво на Груевски, па на Велјановски, а сите други по азбучен ред.

6. Сечењето да се врши во МПЦ и на трошок на буџетот на МПЦ.
Образложение на амандманите: Секој маж за своето дело, сите заедно за делата на мажулињата од ДПМНЕ!

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.