MKDNews.com

Ме тепаше со кабли и мачеше до смрт, и очекувам да ме убие (видео)

јуни 29
23:03 2013

Ова е исповед на една жена, жртва на семејно насилство која ја отвори својата душа пред камерата на Телевизијата НОВА. Била претепувана од нејзиниот сопруг, мачена со разни предмети, со месеци затворана во домашен притвор, а полицијата никаде ја нема.

Но, еден ден по 25 години брак таа собрала храброст и го пријавила во полиција. Од тогаш иако се развела, живее во уште поголем пекол. Тепањето продолжило, а покрај со сиромаштијата и борбата за гол живот оваа жена живее и во страв дека еден ден ќе биде убиена заедно со детето.

Во државата никој не превзема ништо за да ја заштити. Телевизијата НОВА ја пренесува нејзината потресна приказна интегрално. Во исто време ги потсетуваме граѓаните доколку се во можност да помогнат бидејќи жената не е во можност да си ја плаќа киријата во влажната соба каде што живее, повремено чисти по куќи, а нема пари да купи лекови за своето дете. На потег е и Министерството за труд и социјала, да одговори зошто оваа жена неможе да добие социјална помош и да и помогне.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.