MKDNews.com

Малолетници ги напаѓаат врсниците на геј протест во Москва (фото)

јуни 11
21:56 2013

russia-antii-gej-08

Екстремни десничари денес ги нападнале геј активистите во Москва кои што протестирале против гласањето на законот за забрана на “хомосексуалната пропаганда”. На шокантните фотографии може да се видат млади луѓе кои што клоцаат младата девојка соборена на земја.
Руските пратеници денес го разгледале контроверзниот закон за забрана за “хомосексуалната пропаганда” со кој се предвидуваат дури и затворски казни за прекршителите. Според очекувањата на руската јавност, за предлогот ќе гласа мнозинството.

Овој закон забранува “пропаганда за нетрадиционални сексуални односи” на малолетните лица, а истиот ги опфаќа руските и странските државјани, како и медиумите. Поддршката за усвојување на законот денес искажале неколку стотици граѓани пред зградата на парламентот и тие порачале дека “Русија е земја на традиционални вредности”, додека пак критичарите го објаснуваат овој закон како алатка за репресија врз т.н. ЛГБТ популација.

Пратеникот на владејачката партија Николај Булајев изјавил дека очекува овој “превентивен закон” да ја добие поддршката во парламентот. За оние кои што ќе го користат интернетот за ширење на хомосексуална пропаганда се одредени казни од 100.000 рубљи или околу 2.500 евра, додека пак за организација на ваквата пропаганда е предвидена казна од милион рубљи и 90 дена затвор.

Сличен закон со кој се забранува хомосексуалната и педофилната пропаганда бил усвоен минатата година во градскиот парламент на Сакнт Петербург.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.