MKDNews.com

Македонски автобус потона во Швајцарија (Фото)

јуни 03
22:04 2013
potonat-avtobus swess

Фото А1 он

Автобус на автопревозникот Еуро бус од Струга потонал во водите на Женевското езеро во Швајцарија, јави А1он. Како што пренесуваат порталите на албански јазик автобусот според првичните информации бил во сопственост на албанец од Струга и бил регистриран во Швајцарија.

Се уште не се знаат точните причини за потонувањето на автобусот.За среќа во автобусот немало патници, а во него не бил ниту и возачот.

„Одев на пат кон работа, кога видов автобус во езерото”, изјавил еден очевидец.

Од полицијата во кантонот Вауд изјавиле дека автобусот најверојатно се лизнал и паднал во водата додека се наоѓал на паркинг во близина на езерото. Автобусот бил целосно потоpен и за многу брзо ќе биде извлечен од вода.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment