MKDNews.com

Македонската кошаркарска репрезентација денес ќе игра против Тунис за бронзен медал

јуни 25
09:51 2013

makedonija basketМакедонската кошаркарска репрезентација денеска од 16:15 часот ќе игра со Тунис во малото финале на Медитеранските игри во Мерсин.

По поразите од Турција и Србија, избраниците на Марјан Србиновски веруваат во победа која би донела бронзен медал од дебитантскиот настап на едно вакво натпреварување.

Двата слободни дена по полуфиналните натпревари во кои Македонија беше поразена од Србија, а Тунис од Турција, отворија добра можност убаво да се анализира играта на противникот во денешната средба, која воедно ќе биде и последна за кошаркарите во Мерсин.

Репрезентацијата на Тунис одигра вкупно три натпревари во Мерсин и забележа два пораза (Србија и Турција), а ја победи Италија.

По завршувањето натпреварот за трето место ќе се одигра и финалето во кое Србија ќе игра со домаќинот Турција.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.