MKDNews.com

Македонската алијанса издејствува два проекти во општина Пустец

јуни 21
12:15 2013

pustec111Премиерот и лидер на албанските демократи, Сали Бериша, го одржа зборот и во тек на реализација се дел од дадените ветувања, при договорот за изборна коалиција со Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција. Тоа се два проекта во областа на инфраструктурата за Општина Пустец, во вредност од 200.000 евра.

– Станува збор за асфалтирањето на патот на село Горна Горица и реконструкција и асфалтирање на патот од влезот во Пустец кај Здравствениот дом.Тендерите за овие проекти завршија пред еден месец и фирмите победнички на овие проекти веќе започнаа со нивна реализација, изјави Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец и лидер на МАЕИ.

Според него првиот проект предвидува реконструкција и асфалтирање на патот од влезот во Пустец кај Здравствениот дом, проект кој е пред завршна фаза на реализација,додека другиот проект за проширување и асфалтирање на патот до село Горна Горица .

– Пред потпишувањето на договорот за коалиција со Демократската партија, Македонска алијанса излобира кај Владата на Република Албанија отворање во мај 2013 година на граничниот премин Џепиште-Требише само за локалните жители од Голо Брдо и од Дебар, до изградбата на целосната инфраструктура за целосното отворање на овој граничен премин. Додека за граничните премини Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора, кој гранични премини постоеја до сега само како пешачки премини, од мај 2013 година овие гранични премини да бидат функционални и за возила, – додава Темелко, според кого овие гранични премини ќе влијаат за развој на областите Голо Брдо и Гора, области населени со Македонци и ќе се спречи процесот на емиграција на Македонците од овие области.

Исто така, Македонска алијанса доби гаранции дека до септември сите предмети на македонски јазик кој со закон се предвидени за децата во Мала Преспа ќе бидат испечатени, додека за барањето на Македонците од Требиште, Голо Брдо од септември ќе се изучува македонскиот јазик од седмо одделение како што предвидува законот за образование на Република Албанија.
Од Македонска алијанса велат дека Македонска алијанса е единствена гаранција за развој на подрачјата каде што живеат Македонците во Албанија и интегрирање во институциите на системот во Албанија, и затоа е потребно обединување на Македонците во Албанија и на престојните парламентарни избори да ја поддржат и гласаат за Македонска алијанса за европска интеграција.

Извор: Дневник

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.