Македонска брачна двојка убиена во Аргентина?
Брачниот пар Рокан и Маријана Атанасоски, сопственици на фирмата “Платина инженеринг” и директни учесници во истоимената афера со нелегална продажба на станови, која пред шест години ја потресе Македонија, се пронајдени убиени во нивниот стан во Аргентина, пренесуваат аргентинските медиуми.
Македонските власти сe уште немаат потврда на веста за смртта на брачната двојка. И од Министерството за внатрешни работи и од Министерството за надворешни работи ни одговорија дека сe уште ги проверуваат информациите.
Атанасоски, кои измамија голем број граѓани при купување станови и во Македонија, беа осудени на по 15 години затворска казна. Тие избегаа во Аргентина каде што, според аргентинските медиуми, биле убиени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment