MKDNews.com

Македонка добитник на наградата топ 25 имигранти во Канада

јуни 24
16:05 2013

Александра Настеска, претставничка на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Монтреал и активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013 година.

Наградата, чии добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти, а Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда.

– Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски имигранти. Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата „Јас нема да мразам“, д-р Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех, изјави Настеска.

Таа изрази надеж дека победата ќе придонесе кон зголемување на, како што рече, видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира нашата способност и посветеност кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите.

На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и 75-те финалисити, наградата и беше врачена во четвртокот на церемонија во Торонто, хостирана од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести. На настанот беа присутни и претставници на ОМД од Канада, како и канадско-македонските медиуми.

Помеѓу останатите добитници на наградата за оваа година се и Стив Гупта, хотелиер и хуманитарец, Мамдух Шукри, претседателот на универзитетот во Јорк и д-р. Индира Самаресекера, претседател и про-ректор на универзитетот во Алберта. Признанието се доделува за значајни и инспиративни достигнувања на канадски имигранти од цела Канада.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.