MKDNews.com

Македонија загуби во полуфиналето на турнирот „Кварнерска ривиера“

јуни 16
09:04 2013

mladi u19 golema

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години доживеа елиминација во полуфиналето на турнирот „Кварнерска ривиера“, откако загуби од Абуџа со 1-0. Избраниците на селекторот Алексо Мацков голот го примија во самата завршница од мечот, а на него „кумувала“ и судиска грешка. Сепак, Македонија нема да биде дел од големото финале на овој турнир.

И покрај тоа, селекцијата на Македонија до 19 години, според информациите од Хрватска, оставила одличен впечаток на овој реномиран турнир за млади категории. Еден од најдобрите во нашиот национален тим беше Дориан Бабунски, фудбалерот на Реал Мадрид, кој го покажа својот раскошен талент и беше стрелец на неколку важни погодоци.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.