Македонец ја заклал сопругата пред 2-годишниот син во Виена
Вчера утро околу 7:30 часот Македонски државјанин со кујнски нож ја заклал својата 34 годишна сопруга на сред улица во Виена пред очите на нивното 2 годишно дете. Како што јавуваат локалните австрски медиуми, 53 годишниот маж и пришол на жената од зад грб и со неколку убоди и го одзел животот. Жената починала на лице место, а детето сведочело на целиот настан, но за среќа не е повредено. Крвавата драма се случувала пред очите на повеќе минувачи кои на тоа место во дистриктот Симерлинг ги ноеле децата во градинка. Тие се обиделе и да и помогнат на жената, но не можеле ништо да сторат. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го привела мажот.
Извори на порталот Press24 од македонската полиција потврдуваат дека станува збор за македонски државјанин и дека веќе биле контактирани од австриски претставници.
Австриските медиуми пишуваат дека жената неодамна се исселила од заедничкиот дом во дистриктот Фаворитен и некое време живеела во прифатен центар за жени, жртви на семејно насилство. Австриската полиција за локалните медиуми потврдила дека во повеќе случаи мажот бил пријавуван за семејно насилство.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment