MKDNews.com

Македонците од Струга бараат Волерс и Орав да помогнат (видео)

јуни 11
19:46 2013

Претставници од Коалицијата „Заедно за Струга“ денеска во Скопје на амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Пол Волерс и Аиво Орав им доставија отворена покана да ја посетат Струга за, како што велат, одблиску да се запознаат со самоволието на градоначалникот Зијадин Села и со проблемите со кои живеат Македонците во општината од денот на изборите до денес.

Посочија дека во неколку наврати разговарале со градоначалникот Села барајќи од него да излезе од „тесноетничките окови“ и да се откаже од намерата да ги маргинализира Македонците во Струга, бидејќи првиот потег што како градоначалник го направил е разрешување на единствениот македонски раководител на јавно претпријатие во општината на чие место поставил човек од редовите на македонските Албанци.

Велат дека граѓаните на Струга се уште веруваат дека градот може да биде пример на меѓусебно почитување и разбирање на различните етнички заедници и оти двајцата дипломати со нивниот авторитет и заложби за меѓуетничко и меѓуверско почитување на сите етнички заедници ќе придонесат за намалување на етничките тензии во Струга.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment