MKDNews.com

Лисица со заглавена глава во тегла, бара помош од луѓе (видео)

јуни 17
21:34 2013

Една мала лисица во Русија некако успеала да ја заглави својата глава во стаклена тегла. За да се спаси и останало едно решение- да побара помош од минувачите.
Двајца мажи од автомобил ја виделе лисицата, а дури кога излегле од возилото сфатиле дека малото животно се наоѓа во незгодна ситуација.
Откако еден од нив и пријде и ја фати теглата, лисицата се обиде да се ослободи, но сфаќајќи дека тоа нема да успее, целосно се смири и го пушти човекот да и ја извади главата од теглата.
Во мигот кога лисицата беше спасена и со трчање замина во шумата, еден од спасувачите извика: „А каде е заблагодарувањето?„

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.