MKDNews.com

Либертас: Груевски дал итна наредба за отпочнување на незапочнатите згради во Центар?!

јуни 09
11:26 2013

Gruevski-2Како што пишува порталот Либертас: Деновиве премиерот Груевски бил преокупиран со тоа како да го „изигра“ градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, односно подготвен да ја дочека неговата одлука за стопирање на планирани а незапочнати градби во општината, како дел од барокниот проект Скопје 2014.За таа цел , според изворите на Либертас, на претседателот на Советот за радиодифузија, му дал наредба итно попладнето да ги викне советниците и да донесат одлука да почнат со градењето зграда на земјиштето што им го подари владата на паркингот кај хотел Бристол, на место каде има мини-парк и за што повторно ќе треба да се сечат дрвја.

Претседателот Трајчевски телефонски ги повикувал советниците за да има кворум и одлуката за почнување на градба да биде донесена веднаш. Одлуката поминала кај советниците експресно и најверојатно деновиве ќе почне да се гради, а со тоа Груевски ќе отвори уште еден конфликт со Жерновски, кој не отстапува од ветувањето дека ќе направи ревизија на проектот Скопје 2014, односно дали и колку овој проект е во рамките на законските одредби, или пак е самоволие на владата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.