MKDNews.com

Лазаров: Базенот, дивоградба во Центар продолжува да се гради

јуни 26
14:59 2013

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски иако ветуваше дека ќе се бори со урбаната мафија, сепак не го исполни ветеното бидејќи сега пред очите на Калето во ценатрот на Скопје никнува нова дивоградба.

Советникот во Општина Центар, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во среда го обвини градоначалникот Андреј Жерновски, дека дозволува да продолжи нелегалната изградба на базен во општината.

lazarov-vmro-dpmne„Ова позади нас е дивоградба која никнува пред очите на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски кој единствено е надлежен да ја спречи нејзината изградба
Жерновски пред да стане градоначалник ветуваше борба со урбаната мафија. Еве, објектот позади мене е конкретен пример каде тој иако може да дејствува не превзема ништо.
Жерновски дури оди дотаму, што не си ги почитува сопствените одлуки донесени од службите на општината со која раководи.
За оваа дивоградба која никнува во срцето на градот Скопје е донесено решение за стопирање на градбата, но Андреј Жерновски како градоначалник не постапува по истото.
Фактот што Жерновски ги игнорира одлуките и на сопствените служби, но и фактот што ги игнорира повеќето петиции на граѓани кои се противат на оваа дивоградба говори дека зад ваквото толерирање постојат можеби бизнис интереси.
Дали зад оваа дивоградба стојат лица блиски до Жерновски и до функционери на СДСМ и дали тоа бизнис интересите се единствената и најголема причина поради кој оваа дивоградба никнува.
Веќе е јасно дека Жерновски се што вети пред да стане градоначалник, се излажа.
Доколку Андреј Жерновски како градоначалник не ја стопира оваа дивоградба, тој отворено станува соочесник во ова казниво со закон дело“,рече Лазаров.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.