MKDNews.com

Кривична пријава против министерот за одбрана на БиХ

јуни 20
17:37 2013

Zekerijah.OsmicАдвокатите на Нихад Бојаџиќ, поранешен војник на босанската армија, кому му се суди за воени злосторства, поднесоа кривична пријава против министерот за одбрана на БиХ, заради тоа што не им дозволил пристап до армиската воена архива.
Адвокатите на поранешниот припадник на босанската армија, Нихад Бојаџиќ, поднесоа пријава откако не им беше дозволен пристап до архивите на босанската армија, кои што се во надлежност на Министерството за одбрана.

Тие се надеваа дека во архивите ќе најдат информации кои што ќе им помогнат во одбрана на Бојаџиќ, кому му се суди во два одделни случаи. Во едниот му се суди за наводно убиство на цивили извршено во 1993 година за време на нападот на босанското село Трусина, а во вториот, за физичко малтретирање, сексуална злоупотреба и силување на затвореници во градот Јабланица, извршено истата година.

Адвокатите од босанскиот суд добија дозвола за пристап, но Министерството за одбрана го отфрли, со образложение дека воените архиви содржат доверливи податоци.

Од Министерството за одбрана, за БИРН изјавија дека според Законот за заштита на доверливи податоци, за издавање на дозволи за пристап до вакви податоци е одговорно Министерството за безбедност, а по претходно направена безбедносна проверка, а не државниот суд.

„Значи, не се работи за забрана одбраната на обвинетиот да добие пристап до архивите, туку се работи за постојана примена на законските норми“,изјави портпаролот на министерството.

Според законот за заштита на податоците, само членовите на босанското претседателство, претседателите и замениците претседатели на двата ентитета, судиите, обвинителите и правобранителите, можат да добијат пристап до податоци на сите нивоа на доверливост без безбедносна проверка.

Но, адвокатите на Бојаџиќ, поранешен заменик командант на бригадата “Зулфикар“ на босанската армија, изјавија дека оваа одлука претставува „ново правило“.

Васвија Видовиќ, еден од неговите адвокати, изјави дека таа претходно била во можност да пристапи до воените архиви користејќи дозволи што ги издава Министерството за одбрана и надлежните судови.

Ако биде прогласен за виновен за незаконска забрана на пристапот до архивите, министерот за одбрана, Зекеријах Осмиќ, може да се соочи со затворска казна од шест месеци до пет години заради „одбивање да спроведе одлука на судот на Босна и Херцеговина“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment