MKDNews.com

Криумчареле миграни преку Македонија за 150 евра (видео)

јуни 16
17:27 2013

migranti

Во акцијата „Коридор“ се уапсени повеќе лица, на кои истражен судија им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Како организатори на криминалната група се идентификувани лицата С.Б. (52), А.И. (36) А.И. (30) сите од село Лојане – кумановско, В.Д. (32) од Богданци и О.А. (30) од Судан. Уапсен е и полицаец кој на криминалната група им давал информации за местото и времето на сообраќајните контроли на патиштата,имформираат од Министерството за внатрешни работи
Тие организирале канал за криумчарење на мигранти преку територијата на Македонија како дел од меѓународна криминална мрежа за криумчарење на мигранти.

Во договор со непознато лице – арапски државјанин, кој престојувал на територијата на Грција, од средината на декември лани, преку Македонија успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и од други арапски и африкански земји. Притоа, криминалната група наплаќала од 120 до 200 евра по мигрант за транспорт од границата со Грција до кумановскиот регион, каде мигрантите биле привремено сместувани, и потоа за сума од околу 300 евра по мигрант, илегално се префрлале во Србија. Дел од парите им ги наплаќале во готово на мигрантите, а дел, преку брз трансфер на пари, се префрлале на име на организаторите на криминалната група од селото Лојане.

– Од средината на декември минатата година, преку територијата на Р.Македонија успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји. Притоа, криминалната група наплаќала од 120 до 200 евра по мигрант за транспорт од границата со Р. Грција до Кумановскиот регион, каде мигрантите биле привремено сместувани, и потоа за сума од околу 300 евра по мигрант се вршело нивно илегално префрлање на територијата на Р. Србија – изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Мигрантите во најголем дел доаѓале од африканските држави, а нивната цел била да стасаат до земјите од Европска Унија. Суданецот го договарал датумот, терминот и бројот на мигранти кои илегално требало да бидат пренесени преку територијата на Македонија, а заедно со осомничените од Лојане и човекот од Богданци го договарале и реализирале транспортот и временото засолнување. Потоа илегално ги пренесувале преку македонско – српската граница каде ги преземала друга група. Останатите уапсени од Куманово, Богданци и Гевгелија се осомничени дека им помагале на организаторите. МВР изврши претрес во нивните домови каде се најдени двајца мигранти, пари, а одземени се возилата со кои се вршел транспортот на мигрантите. Истражен судија на сите 15 осомничени им одреди 30 дневен притвор.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.