MKDNews.com

Комерцијалните бродови кои пловат на Охридското Езеро инсталираа радио-станици

јуни 04
19:15 2013

goranКомерцијалните бродови кои пловат на Охридското Езеро инсталираа радио-станици, кои ќе бидат врска помеѓу бродскиот екипаж и Капетанијата.

Воспоставен е ситемот на радио врска помеѓу бродовите и капетанијата. Тоа значи дека сите бродови поседуваат радио станица, а главната е во капетанија. Во моментов се подготвува шема за двосменско и тросменско покривање на опслужување на таа радио станица. Добивките од воспоставување на ваков систем се огромни. Радиостаницата не е врска помеѓу двајца туку помеѓу сите кои се во моментот вклучени во сообраќајот“, истакна капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски.

Капетанот додава дека овој систем многу ќе помогне при евентуални хаварии и несреќи.

„Овие радио станици се направени и поседуваат можност за општа узбуна, а тоа значи доколку дојде до опасност, заповедникот на бродот наместо да бара помош од еден на друг брод, со еден унифициран сигнал узбуната ќе ја слушнат сите пловни објекти“, додава Устијаноски.

Радио-уредите се адаптибилни, и како што најавува првиот човек на Капетанијата нема да застарат ниту во текот на наредните десет години.

„Тие се адаптибилни и прилагодливи на новите системи. Имаат приклучоци за ГПС, но тоа за нас ќе биде следната фаза, воспоставување ГПС-врска односно следење на пловните единици по езерото, вели Устијаноски.
„Во овој систем се вклучени петте комерцијални брода во Охридското Езеро, а интерес покажа и Хидробиолошкиот завод со два свои пловни објекти, бидејќи и тие се често на вода, додава Устијаноски.

Иако со закон, ваквите уреди се не обврзувачки за сопствениците на такси чамци, сепак, како што појаснува првиот капетан, дел од нив изразиле желба да вградат радио-станици..

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.