MKDNews.com

Кока кола со името на Амди Бајрам се продава во Словенија

јуни 06
00:05 2013

amdii-kokakola

Кока-кола со името на Амди Бајрам се продава во Словенија. Пратеникот во македонското Собрание за ВЕЧЕР изјави дека бил пријатно изненаден кога при неодамнешниот престој во Љубљана добил подарок – лименка од познатиот пијалак произведена од словенечкиот производител, на која било испишано неговото име и презиме.

Амди Бајрам веднаш нарачал еден шлепер лименки од персонализираната едиција кои ќе ги дели во Македонија.

– Се изненадив кога ми донесоа Кока-кола Амди Бајрам. Ми кажаа дека лименките се продаваат во продавница, ги има секаде, дека можат да се купат. Никој не ми се јавил да ме праша за дозвола, бидејќи станува збор за словенечки производител, но кога го видов своето име на кока-колата, ми беше голема чест и задоволство. Словенија е во Европа, за мене е тоа голема чест, изјави за Вечер претседателот на Сојузот на Ромите и додава:

– Оваа едвај ја донесов во Македонија, морав да покажам дипломатски пасош за да ме пуштат да влезам во авион, бидејќи е забрането да се пренесуваат течностиamdii-kokakola

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.