MKDNews.com

Кој беше поразен а кој победен ? 12 години од офанзивата во Арачиново

јуни 23
15:36 2013

UT0081128Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев, на денешен ден, пред 12 години, припадници на вооружените сили загинаа во офанзивата во Арачиново, во обид да се заземе селото кое на 9 јуни 2001 година беше прогласено за слободна територија од страна на тогашната ОНА под водство на Џезаир Шаќири.
Во оваа акција беше ранет Оливер Китановски, кој подоцна почина во болница.На одбележувањето на годишнината од офанзивата на македонските вооружени сили во обид да се заземе селото, се сеќава и тогашниот генерал на специјалната единица „Тигри“ Стојанче Ангелов.

„Борбата беше од блиску, се среќававме некаде на 20-30 метри, можеби некому ќе му изгледа блиску, но за жал така беше. Така бев и ранет некаде во овие куќи. Во македонските куќи, кога од многу кратко растојание бев погоден најверојатно со митролез или снајпер. Воедно онаа позиција каде бев ранет, беше и последна позиција на која дојдовме ние – припадниците на безбедносните сили“, раскажа Ангелов.

Неколку дена откако македонските бранители влегоа во Арачиново, со одлука на државниот врв и претставниците на НАТО и ОБСЕ беше донесена одлука да се повлече македонската војска, а припадниците на ОНА беа евакуирани од Арачиново со автобуси под покровителство на НАТО.
Оваа одлука предизвика револт кај граѓаните, по што се организираа масовни протести со нереди пред Собранието. Една група дури влезе внатре во кабинетот на пртетседателот Трајковски , а беше изрежирано кршење на службеното возило на министерот за внтраешни, тогаш Љубе Бошковски. Тоа всушност беше организиран бунт на силите кои сакаа да продолжи судирот , исите тие кои се договорија со меѓународниот фактор и потпишаа да се повлечат од Арачиново и со автобус да дозволат извлекување на „спец .учките“ а народот беше само колатерлана штета и злоупотреба по кој знае кој пат, и удар врз малку здравиот патриотизмот кај малкумина тие кои останаа да ја бранат државата.Арачиново и ден денес е со незавршен крај со сериозна дилема кој беше поразен а кој победен ,и кој за кого пукаше во Арачиново.

Албанците имаат спомен костурница веднаш над селото сега самосотојна општина, и секоја година ја слават одбраната-победата, жртвите, и бранителите Македонци денеска го одбележуваат овој ден со претставници на политичката партија „Достоинство“ и членови на здруженија на бранители со положување цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“ во чест на прерано починатите соборци. А победата или победникот!?

lokalno.mk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.