MKDNews.com

Ќерката на Кардашјан и Вест се вика север?

јуни 21
15:37 2013

kimkanye
Славната Американска двојка Ким Кардашјан и Кание Вест својата новородена ќерка решиле ја наречат Норт (North) што значи север, објавија во петокот американските таблоиди.
Извори блиски на двојката ја потврдиле таквата одлука на славните родители, пет дена откако Ким Кардашјан го роди девојченцето во болницата во Лос Анџелес.

Најинформираниот американски таблоид портал TMZ објави дека неговите извори го виделе листот на родените со впишано име и презиме на девојченцето Северо Запад (North West) на кој биле потпишани и двајцата родители.

За можноста девојченцето да го добие името Борт и претходно се шпекулираше во медиумите, меѓутоа повеќето мислеа дека станува збор за шега.

Објавувањето на информацијата дека детето секако ќе се вика Норт Вест (северозапад) веќе предизвика потсмешливи коментари на социјалните мрежи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment