MKDNews.com

Кире Наумов: Кој треба да се срами ако 400 километри до плажа во Грција се извозуваат побрзо отколку 170 до Охрид?!

јуни 25
12:34 2013

Kire-Naumov3-564x272Фејсбук коментарот   на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за големиот број Македонци кои изминатиот викенд го поминаа во Грција, испровоцира повеќе реакции. Една од нив е таа на Кире Наумов, кој посвети дел од колумна на изјавата на Николоски.
„Ако 400 километри до некоја плажа во Грција можете да ги извозите побрзо и на крајот да се чувствувате понеуморно, отколку 170 километри до Охрид, тогаш најпрво треба да се срами оној кој во последниве 7 години е вмровски пратеник од Охрид. Поврзано со она погоре, ако некој поданички ги бранел и гласал проектите кој му ги нудел шефот Груевски, а кои во основа биле тршење на буџетски пари за непродуктивен кичерај кој е најпогоден за реализација на корупцијата со која се создава „новата олигархија“, и при тоа не се заложил да се вложува во патната инфраструктура до Охрид, тогаш таквиот е беден соучесник во коруптивната креација и воедно свесно ги праќа оние 23.000 Македонци далеку од неговиот град“, напиша Наумов во  колумна за порталот Фактор.

faktor.mk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.