Километарски колони на возила чекаат за влез во Грција на 40 степени и до 4 часа
На граничниот премин Богоридица на излез од Македонија кон Грција се чека и по три и пол часа! Иако температурите достигнуваат и до 40 степени, луѓето стрпливо чекаат да дојдат до границата.
Од вчера се отворени сите шест ленти на граничниот премин. Реката автомобили е долга неколку километри и за да се помине границата се чека повеќе од три часа.
-Уште вчера, полицијата ги отвори сите шест ленти на граничниот премин. Јас тргнав во 8 часот во Скопје, а кога стигнав до граница околу 9.40 пред мене имаше река автомобили. Помина еден час откако го поминавме ридот и го видовме граничниот премин – вели патник што тргнал за Грција.
Сеуште нема податоци колку македонски државјани се упатиле на одмор во Грција месецов.
ФОТО: Република
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment