MKDNews.com

Кичево поплавено, пукна водоводна цевка

јуни 17
01:13 2013


По пукање на водоводна цевка на Булеварот Ослободување, поголемиот дел на Кичево во вечерните часови остана без вода за пиење.

По дефектот повеќето улици во центарот наКичево за кратко време се претворија во вистински реки.

“Поради дефект кој настана вечерва, утре со почеток од 5.00 часот ќе има прекин на водоснабдувањето поради отстранување на дефектот кој настана на Булевар, поради тоа е запрен главниот вентил на Ф 400, јавуваат од ЈП Комуналец.
Екипата од РЕ Водовод ќе излезат на терен уште во раните утрински часови со цел за побрзо санирање на дефектот.

Од ЈП Комуналец апелираат на разбирање, пишува Кичево.мк

Граѓаните на Кичево последнава година се навикнаа на честите проблеми од немање вода за пиење , така што и овој проблем стоички ќе го поднесат.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.