Катерина Михајловска победи на трката на штикли во Битола
Катерина Михајловска од Битола беше најбрза во трката на штикли на Широк сокак на која наградата и ја врачи градоначалникот Владимир Талески.
Трката на штикли се одржа во четврток вечер, во рамките на фестивалот „Битола отворен град 2013″ на Широк сокак во Битола во организација на Младинскиот културен центар.
На неа учествуваа девојки од Битола, Струга, Велес, Скопје и Прилеп, а до година треба да прерасне во меѓународна.
Услов за учество во трката беше висината и ширината на штиклите кои не смеат да бидат пониски од 8 сантиметри и пошироки од 2 сантиметри. Трката ја оценуваше тричлено жири во состав на: м-р Владимир Талески, градоначалник на Битола, Љубица Ангелкова Манговска, програмски директор на ТВ Тера и Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.
На Широк сокак во Битола синоќа битолчани уживаа во голем број улични перформанси кои се дел од Баскерфест, фестивал кој е дел од програмата на Бит фест. На три локации долж најамбиенталната улица можеа да се видат најразлични содржини кои ја збогатија оваа прекрасна вечер.
Исто така, во придружба на добра музика со битолски музички ѕвезди, синоќа на Широк сокак во Битола голем број гости уживаа во модната ревија на Студио Шанел. Покрај големиот број модели на фустани кои беа презентирани, особено интересни и впечатливи беа моделите кои се дел од најсреќниот ден на една жена – невестинските фустани.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment