Камион мешалка се преврте во Охрид (фото)
јуни 26
03:30
2013
Камион мешалка за бетон се превртел кај охридската касарна вчера попладнево. Во несреќата со лесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Како што јавуваат локалните медиуми возачот, најверојатно поради неприспособена брзина, за да избегне сообраќајна незгода излетал од патот и се превртел.
Граѓаните од оваа улица велат дека на острата кривина камионите постојано поминуваат со, не прилагодена брзина, што најверојатно е и причина за оваа несреќа.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment