MKDNews.com

Kaде е екс-председателот на СДСМ Бранко?

јуни 15
18:09 2013

florida-plaza„Република“, повикувајќи се на извори во СДСМ кои се незадоволни што Црвенковски наводно се уште ја има моќта во партијата и покрај промените на раководството, пишува дека тој по конгресот отпатувал на Флорида.

Според истите извори, Црвенковски планирал да престојува неколку недели во Флорида, а потоа десетина дена во Њујорк. Република пишува дека според нивните извори, Црвенковски ни малку не загубил од своите влијание во СДСМ, туку Зоран Заев секојдневно го брифирал за случувањата во Скопје.

„Поглавјето со Црвенковски заврши, сега треба да се гради автентична партиска и државна политика во која тој ќе нема никакво влијание“, инсистираат изворите на „Република“ кои се песимисти дека СДСМ може да ја врати старата слава ако не се прекинат сите комуникации со него и со неговите соработници.

 

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.