MKDNews.com

Јужноафриканската полиција употреби шок гранати на протестот против Обама

јуни 29
18:09 2013

1372516181000-AFP-520992102-1306291030_4_3_rx404_c534x401Jужноафриканската полиција се судри со демонстрантите коиштио се спротивставуваат на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Јужноафриканската Република во предградието на Јоханесбург, пренесуваат западните новински агенции.

Тешко нарушеното здравје на 94-годишниот Нелсон Мандела, еден од најистакнатите борци против апартхејдот, ја одбележа дводневната посета на Обама кој притоа се соочи со протестите на Јужноафриканците против надворешната политика на САД, особено против нападите со беспилотни летала.

Според извештаите, вооружените полицајци за растерување на масата употребиле шок бомби. Судирите со полицијата се случиле во населбата Совето, која се наоѓа на југо-западната периферија на градот во предниот дел на кампусот на Универзитетот Јоханесбург, каде што во саботата американскиот претседател Обама требаше да одржи говор со тамошната младина.

Судирите избиле кога Обама и неговата сопруга Мишел се сретнале со роднините на поранешниот Нелсон Мандела во зградата на фондација на поранешниот јужноафрикански претседател, наместо лично да го посети поренешниот претседател вво болница, пренесува Reuters.

Обама потоа за медиумите изјави дека телефонски разговарал со сопругата на Мандела, Грас Машел која е крај својот сопруг во болницата во Преторија.

„Изразив надеж дека Мадиба ќе најде мир и утеха во времето што го проведува со саканите и ја изразив својата поддршка од срце на целото семејство во овој тежок период”, изјави Обама употребувајќи го племенското име Мадиба по кое исто така го нарекуваат Мандела.

Обама претходно разговараше со јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума со кој имаше заедничка прес-конференција кој абеше пренесувана преку телевизијата на која Зума соопшти дека Мандела во „критична но стабилна состојба”, како и дека се надева оти „многу брзо ќе излезе од болница”.

Обама за медиумите во Преторија изјави дека милиони луѓе во светот се молат за Мандела, најпознатиот борец против апартхејдот, мина во затвор 27 години, кој во мај 1994 година стана првиот црн претседател на Јужна Африка и ја водеше земјата до јуни 1999 година, а во 1993 година ја доби Нобелова награда за мир, и го спореди со првиот претседател на САД, Џорџ Вашинготн поради неговата одлука да отстапи од претседателската функција кога беше на врвот од моќта.

„Тоа е неверојатна лекција”, рече Обама, нарекувајќи го Мандела „еден од најголемите луѓе во историјата”.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment