MKDNews.com

Иванов: “Erga Omnes” е мојот став за името (видео)

јуни 22
17:49 2013

ivanov-milenko

Мојот став за името е Република Македонија erga omnes (за севкупна употреба), порача Претседателот на Република Македонија,

Ѓорге Иванов и посочи дека земјата е конструктивна и прави се за изнаоѓање решение за наметнатиот спор.
„Јас ги кажав и сите ги знаат моите ставови, така што ќе опстојувам на тоа и понатаму, а тоа е Република Македонија ерга омнес. Сум дал заклетва пред тој Устав. Ние разговараме за нешто што некој ни го оставил во наследство и бараме решение. Не сакаме да сме ние виновни, кога еден ден некој ќе повлече линија и ќе каже вие сте виновни за тоа. Ние секој пат сме конструктивни и Нимиц го знае тоа. Сме наоѓале начини за да ги оствариме стратешките интереси на граѓаните на Република Македонија. Се додека се тие стратешки интереси, ќе правиме се да најдеме решение. Меѓутоа, гледате со што се соочуваме. Ни треба поддршка од граѓаните. Треба граѓаните да го искажат својот став. Ако имаме гласна јавност која јасно ги кажува своите ставови, ќе имаме сила во нашите едра бродот уште повеќе да оди,“ изјави претседателот Иванов при гостувањето во „Миленко Неделковски шоу“ на телевизија Канал 5.

Тој објасни дека во извршувањето на својата функција секогаш се водел од принципот на отвореност кон сите, што резултирало со бројни средби со лидерите на соседните земји, но и дека сеуште нема позитивен одговор на неколкуте негови иницијативи за средба со грчкиот претседател Каролос Папуљас. Шефот на државата потсети на бројните покани, официјални и неофицијални кои тој ги упати до неговиот грчки колега, на кои нема потврден одговор.

„Колку пати, веќе не ги бројам, моите покани. Само да пиеме кафе, ништо друго. Да им покажеме на луѓето дека сме соседи, дека не мора да се расправаме, туку дека можеме да седнеме, како што седнаа сега Николиќ и Јахјага во Братислава. Секој пат одговорот е не. Е сега, како што се менуваа политичарите, знаете, се менува и односот. Се е до карактерот на човекот, или ние велиме до табиетот. Има некои што се обидуваат да профитираат од нивниот однос на домашен терен, меѓутоа некои и губат избори затоа што кон нас така се однесуваат. Тоа е Балканот,“ рече претседателот Иванов.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.