MKDNews.com

Интервјуто на владиката Јосиф Велички за ВЕЧЕР ги збесна Грците

јуни 26
20:36 2013

vecer.com-mkdnewsИнтервјуто на ВЕЧЕР со најмладиот член на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА Епископот Јосиф Велички во кое тој, меѓудругото, отворено проговори и за ставот на МПЦ-ОА во врска со името, ги возбуди грчките медиуми. Специјализираната Агенција за црковни вести ромфеа.гр го пренесува токму делот во кој младиот владика го повторува ставот на Синодот дека МПЦ нема да даде благослов за менување на уставното име на Македонија. Со тоа, уште еднаш беше јасно ставено до знаење дека црквата не ја напушта својата позната позиција во врска со ова прашање.
Токму реченицата “во МПЦ, Синодот веќе има донесено став да не се отстапува од уставното име, а тоа е Македонија”, порталот ја пренесува како провокација направена од страна на најновиот член на, како што велат, висок претставник на непризнатата и таканаречена “Македонска Православна Црква”.

Ромфеа.гр, освен тоа, не ја пропушти можноста да ја нападне МПЦ-ОА и уште да го поврзе овој настан со расколничката ПОА и казната затвор која ја одлежува Јован Вранишковски за која пак, премолчува дека е изречена за финанскиски малверзации, па дури и шири невистини дека неодамна биле, според нив, неправедно затворени и други канонски епископи, монаси и верници, за да заклучат дека ” Охридска Архиепископија во судовите сака да ги сотре своите неистомисленици”.

vecer.com.mk

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment