Илјадници на протест поради убивањето демонстрант во плоштадот Таксим
Илјадници лица се собраа на истанбулскиот плоштад Таксим откако се прошири информација дека властите ќе го ослободат полицаецот кој уби демонстрант.
Насобраниот народ бара правда и за сите оние кои беа повредени за време на протестите, кои низ цела Турција траат веќе цел месец. Демонстрантите, исто така, објавија дека паравоената полиција вчера убила еден курдски демонстрант.
Полицијата им даде два часа на демонстрантите да извикуваат слогани и да протестираат, а потоа ги предупреди дека повторно ќе употребат сила за да ги растераат. По предупредувањето, влетаа, го растурија протестот и уапсија неколку демонстранти.
Турската полиција остро реагираше на протестите ширум земјата, организирани против владата на Реџеп Таип Ердоган. Според последните информации, во последните три недели четири лица загинале при судирите со полицијата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment