MKDNews.com

Илјадници луѓе повторно на Таксим, полицијата со насилство врз демонстрантите (видео)

јуни 22
22:56 2013

Турската полиција денес употребила водени топови за да ги растера неколкуте илјадници луѓе кои што се насобрале на истанбулскиот плоштад Таксим.
Пред да бидат употребени водените топови, демонстрантите фрлале црвени каранфили во насока кон полицискиот кордон, кој полека се приближувал кон нив за да го исчисти плоштадот, пренесува “Reuters”.

Она што на 28-ми мај започна како мирен протест против плановите да се отстрани истанбулскиот парк Гези, на 31 мај прерасна во насилство, откако полицијата искористи солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите Тогаш, во протестите својот живот го загубија најмалку четири лица, а стотина беа повредени.

086dc013-5fbd-434b-a0c1-66c1553c22c9Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој што ги обвини демонстрантите дека настојуваат да ја дестабилизираат неговата влада, денес изјавил дека и Бразил со најновите протести е жртва на истата завера. Ердоган ова го изјавил пред неколку десетина следбеници во северниот град Самсун, во рамките на последниот митинг кој тој го одржал.

Како што пренесува “AP”, Ердоган за тринеделните анти-владини протести во Турција кои што владата ги задуши, обвинил неименувани странски сили, банкари и одредени медиуми за кои тој смета дека сакаат да и нанесат штета на земјата. Неговите критичари пак изјавиле дека демонстрантите се заморени од неговата склоност кон авторитативна власт.

“Оние кои што не успеаја во Турција, сега се трудат да направат нешто во Бразил”, изјавил Ердоган. Масовните протести во Бразил започнале пред неколку дена, откако поскапел јавниот превоз во државата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment