И денес тропски ден, вечер разладување
На Балканскиот полуостров денес ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 35°C.
Во Македонија денес тропски ден. Ќе биде сончево и многу топло. Во попладневните часови наоблачување кое во доцните попладневни и во вчерните часови ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици (освен во западните и југозападните предели). Ќе дува умерен слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 30°C односно до 38°C. УВ индекс 8.
Во Скопје тропски ден, сончево и многу топло. Во вечерните часови услови за локален дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 36°C. УВ индекс 8.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment